МКЦ е институција изградена благодарение на светската солидарност кон Скопје, со обединувачка мисла – да се сплотиме заедно во моменти кога хуманоста и сочувството се најважни.
Во ек на разврската со случувањата по повод катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, МКЦ заедно со долгогодишните соработници на институцијата, организира хуманитарен настан за погодените семејства.
Програма:
19:00 | Кафе МКЦ | Изложба на уметнички дела:
На голем одзив на бројни домашни реномирани ликовни артисти чии имиња и дела ќе ги објавиме наскоро. Аукцијата на делата е во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија како и уметници што биле дел од ликовната програма на МКЦ.
21:00 | Кафе МКЦ | Почеток на аукцијата
19:30 | сала Фросина | Театарска претстава:
“Шопинг и факинг” во режија на Шенај Мандак, продукција НУ Турски театар Скопје
21:00 | сала 25 Мај | Музичка програма:
Добрила и Доријан дуо
Cruel
Џенгиз Ибрахим
Зарина Првасевда
Калата
Занаду
Vagina Corporation
Во Џебното кино ќе може да уживаме во серијалот „Турски чај“ на драгата Петра Селишкар.
- Билетите за музичката програма и претставата посебно изнесуваат симболични 150 денари [bileti.mkc.mk].
- Проекцијата во Џебно кино е бесплатна.
- Средствата од делата што ќе бидат продадени на аукцијата директно ќе бидат донирани во кутии за донации поставени од Црвениот крст на Град Скопје.
- Средствата собрани од продадените билети (ве охрабруваме да купите и повеќе), ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите од земјотресот на Црвениот крст на Град Скопје, отворена за таа намена.
Им благодариме на сите уметници и музичари што учестувуваат без надомест, како и на драгиот Сали Ертунч за прекрасниот дизајн.
За солидарно Скопје!