MGLA

TERRORVOID PROMOTIONS најавува

По точно три години, повторно ќе ја имаме привилегијата да ги гледаме Mgla во Скопје.
Тоа е еден од ретките бендови денес, кои како од сенка се издигнаа до статус на култ. Свирејки рамо до рамо со гигантите на светската метал сцена, веќе оставија црн печат и се неизбежно име на сите светски фестивали и собири.
На 11.9. во МКЦ, Mgla повторно ќе го проголта Скопје.

На концертот ќе бидат придружени од In Twilight’s Embrace и Odium Humani Generis

Првите 100 карти се по 1000 денари.
Потоа цената на картата ке биде 1200 денари.
На денот на концертот по 17 часот картата ке биде 1400 денари!
Набавете си карти на време и заштедете пари за пиво.
Картите се достапни на bileti.mkc.mk

Стоплете си ги душите летово, во септември нѐ чека Mgla.


1000,- 1200,- 1400,-

сала 25 Мај