Меморијален концерт | Александар Николовски

На 28 април ќе се одржи меморијален концерт во чест на Александар Николовски, истакнат македонски музичар, кој твореше и настапуваше со повеќе џез-состави. Тој остави значаен белег во македонската џез-музика со својот единствен и препознатлив лиричен звук и овој настан преставува можност да се изведе музиката што тој сакаше да ја свири.

Беше еден од најценетите македонски џез-трубачи, кој почина по кратко боледување во декември. Долги години свиреше со групата Next to Silence, која е и организатор на настанот.

На концертот ќе настапат групите и музичарите со кои создаваше различни форми на џез-музиката: Next to Silence, Sethstat, FIN Project, Ади Имери, Сашо Гигов Гиш, Калина Велковска, Петар Христовски, Горан Трајковски, Сенад Усеин, Зарина Првасевда и Иван Петровски. Воедно овој настан ќе биде убава прилика на едно место да се соберат неговите соработници и пријатели и со музика да се поздрави она што Александар Николовски го остави зад себе.

Влезот за овој концерт е бесплатен, но поради ограничените места ќе треба да се обезбедат билети.

Влезот е бесплатен