Првоаприлска забава
По 7 месеци ви го најавуваме првиот SHAKE настан во Скопје! Локацијата е Младински културен центар, денот сабота, а датумот 1 април.
Како и секогаш, фокусот на SHAKE настаните е поддршка на македонската сцена, па така и овој пат, преку showcase ќе дадеме можност на сцената во МКЦ да се претстават млади македонски артисти од повеќе градови и различни потстилови на хип-хоп и трап-музиката.
Нашата екипа е тука за диџејска поддршка со специјални сетови, надополнета од DJ ROKAM од Z6NE BGD – една од најактуелните трап -забави во моментов во Србија.
Билетите се во ограничен број и може да ги набавите на билетарницата на МКЦ и онлајн.
Првите 250 early bird карти се по промотивна цена од 250 денари.
Се гледаме на MASK ’N SHAKE во МКЦ!