„Македонски погледи“

Промоција на четиријазична стихозбирка од Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза

Промотор: Владимир Мартиновски
Модератор: Јулијана Величковска

Македонски погледи / Sguardi macedoni / Miradas macedonias / Macedonian glances“ од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо (Ernesto Heredero del Campo) и Марио Де Роза (Mario De Rosa)

Стиховите на мекедонски ќе ги чита: Христина Цветаноска (воедно и преведувач од италијански на македонски)

Учесници:
Климентина Ѓорѓиоска (како преведувач од англиски и шпански на македонски)
Јасмина Никуљска Велковска (како преведувач од шпански на македонски)
Маја Краљевска (како автор на фотографиите во книгата)

Поетско патување на двајца дипломати и пријатели.
Дијалог на погледи, јазици и емоции низ оваа прекрасна земја.

И дипломатот и поетот ги притиска нешто во градите. А ако се тоа гради на една иста личност, тогаш веројатно притиска потешко.
Не е мал бројот на таквите, со двоен притисок во градите: и оној на прагматиката на дипломатската служба и оној на поетското доживување на светот. И тука има некоја правда, при вреднувањето; никој не ги памети нобеловците Габриела Мистрал и Пабло Неруда како конзули на својата земја – и тоа, по игра на случајот, последователно, еден по друг – во Мадрид; Иво Андриќ, да можел сигурно би се откажал пост фестум од своите амбасадорски денови во Берлин; Октавио Паз ќе остане забележан по својот „Лавиринт на осаменоста“, а не по „кошмарот на јавната осаменост“ како што, со својата својствена остроумност, го опишува дипломатскиот живот Вистан Хју Одн.


Ернесто Ередеро дел Кампо (Ваљадолид, 1977) е неуморен духовен трагач, дипломат по професија, филозоф по образование и уметник по вокација. Како филозоф, неговите главни теми на проучување биле скептицизмот и делата на Емил Чоран и на Лудвиг Витгенштајн. Како дипломат, тој ѝ служел на Шпанија во голем број земји. Последната е Македонија. Неговите проекти во оваа земја се опиплив доказ за неговата љубов кон македонскиот народ и култура, со чија духовност и начин на гледање на светот е длабоко поврзан. Соработува како предавач со Филозофското друштво на Македонија, а ова е негова втора стихозбирка објавена на македонски јазик.

Марио Де Роза (1991) е италијански писател и поет од полуостровот Соренто. Тој е дипломат и моментално Заменик-шеф на мисијата на Италијанската амбасада во Скопје, докторирал административно право и соработува со неколку универзитети. Покрај дела од правната област, има објавено и четири стихозбирки со наслов „И, конечно врне…“ (Бастоги, 2008), „Линии и граници“ (Монтедит, 2010), „Херои без ровови“ (Тигулиана, 2017), „Светулки и комарци“ (2020, последната заедно со уметникот и поет Алдо Терминиело), добивајќи награди на национални и меѓународни литературни конкурси. Неговите стихови се движат од класична метричка поезија до слободен стих, опфаќајќи мноштво теми коишто го наведуваат да ги истражува големите прашања на човековото постоење, како што се причините за љубовта и животот, врските и пријателството меѓу луѓето и со Бога, како и општествената динамика на нашето време.

сала Фросина