„Мајсторот за спомени“

текст и режија: Јане Спасиќ

продукција: Артопија

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

По првата успешната соработка меѓу Јане Спасиќ и „Артопија“ на претставата „Експеримент“, овој ‘тандем’ повторно се втурнува во истражување на меморијата (сеќавањата и спомените), која е главна тема на интерес во претставите на авторот. За разлика од „Експеримент“ каде што главен фокус беше односот на индивидуата со колективните мемории, претставата „Мајсторот за спомени“ е интимно патување и согледување на спомените од приватниот живот во креирањето на идентитетот на луѓето. Зошто некои настани остануваат како спомени? Зошто други ги забораваме? Кои ги потискаме длабоко во себе, а кои нѐ потискаат нас? Дали постоиме без сеќавања? Каква е корелацијата меѓу мемориите, животот и театарот? Дали ние го креираме минатото или тоа е наш белег, кој неуспешно се трудиме да го сокриеме.

Претставата ќе ве однесе во некои подзаборавени лавиринти од себе и ќе постави повеќе прашања отколку што ќе даде одговори. Којзнае, на крајот можеби ќе остане во вашите сеќавања.

Играат:
Ненад Митевски
Елена Кузманов
Мартин Јорданоски
Бојан Кирковски
Симона Спировска
Анастасија Аневска

Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Бранкица Јордановска
Дизајнер на светло: Владимир Димоски
Композитор: Дарија Андовска
Дизајнер: Матеја Николиќ
Маркетинг: Мартина Петреска
Продуцент: Филип Николовски

сала Фросина