МАЈСТОРОТ ЗА СПОМЕНИ

  • сцена: МКЦ, сала Фросина

Aртопија (МКД)

Режија: Jane Spasic

Времетраење: 85’
Јазик: македонски

artopia fb

Улоги: Nenad Mitevski, Elena Kuzmanov, Martin Jordanoski, Bojan Kirkovski, Simona Spirovska, Anastasija Anevska

Сценограф: Martin Manev
Костимограф: Brankica Jordanovska
Дизајнер на светло: Vladimir Dimoski
Композитор: Darija Andovska
Дизајнер: Mateja Nikolic
Маркетинг: Martina Petreska
Продуцент: Filip Nikolovski


Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот. За разлика од „Експеримент“ каде што главен фокус беше односот на индивидуата со колективните мемории, претставата „Мајсторот за спомени“ е интимно патување и согледување на спомените од приватниот живот во креирањето на идентитетот на луѓето. Зошто некои настани остануваат како спомени? Зошто други ги забораваме? Кои ги потискаме длабоко во себе, а кои нѐ потискаат нас? Дали постоиме без сеќавања? Каква е корелацијата меѓу мемориите, животот и театарот? Дали ние го креираме минатото или тоа е наш белег, кој неуспешно се трудиме да го сокриеме.

По првата успешната соработка меѓу Јане Спасиќ и „Артопија“ на претставата „Експеримент“, овој ‘тандем’ повторно се втурнува во истражување на меморијата (сеќавањата и спомените), која е главна тема на интерес во претставите на авторот.

сала Фросина