Лоунли пленет

  • публика со физичко присуство

Ателје 212 (СРБ)

Концепт: Maja Pelevic, Dimitrije Kokanov, Olga Dimitrijevic, Tanja Sljivar, Igor Koruga

Времетраење: 60’
Јазик: српски

www.atelje212.rs

Играат: Maja Pelevic, Dimitrije Kokanov, Olga Dimitrijevic, Tanja Sljivar, Igor Koruga

Организаторка: Jelena Fatic
Асистент на организаторката:
Bosko Radonjic
Дизајн на звук и видеоматеријал
: Dragan Stevanovic-Bagzi
Реализација на звук и видео
: Miroslav Petruljevic
Светло-мајстор
: Dragan Maslarevic
Технички директор:
Vojislav Butkovic
Реквизитер
: Sasa Pivaljevic
Декоратер
: Vuce Vucetic
Благодарност до
: Jovana Tomic, Jovana Gavrilovic, Ana Mandic, Jelena Ilic, Jelena Mijovic


„Лоунли пленет“ е претстава од имерзивен карактер, која се изведува на отворени и затворени простори, околу и во театарската зграда, намерно избегнувајќи го класичниот сценски простор, односно самата сцена. Преку колажната структура од пет авторски и изведувачки гласови, кои се испреплетуваат и се провираат едни со други, уметниците ја водат соодветно оддалечената публика на туристичка турнеја низ двете страни на паричката на утопијата и дистопијата на нашето (театарско) секојдневие. „Лоунли пленет“ претставува слалом преку можните утопии и дистопии на нашите градови и нашите интимности и се фокусира на неколку прашања: Како го користиме јавниот простор за да ги претвориме нашите индивидуални проблеми и потреби во општествени? Како размислуваме за светот пред и по заканата што се појави, во разни, дури и поопасни форми? Како ги спроведуваме најелементарните интеракции со други луѓе, предмети, суштества додека сме во позиција на апсолутна несигурност за тоа каков живот нѐ чека утре? Оваа претстава е одраз на светот во првата половина на 2020 година, додека истовремено се обидува да ги преиспита формите на театар што може да се случат и покрај вирусот, и следствено на тоа, потенцијалните форми на заедништво во јавниот простор на иднината.

Театрите беа првите што ги затворија своите врати на почетоткот на епидемијата. Светот и пред епидемијата беше неправеден, ранет и неподнослив. Култното Ателје 212 се обидува оваа тешка состојба да ја преврти во тотална спротивност. По „Стеријино позорје“, на затворањето на МОТ. Со публика.

Бројот на посетители е ограничен на 20 лица.

МКЦ, Скопје