Лиминално Тело

Кореограф: Ивана Балабанова

Танчери: Дејан Битровски, Сара Цветковска, Тереза Лазаров, Стефани Шааршмит, Илина Костовска и Џун Елис Мах
Продукција: Платформа Битрикс – Битрикс Културно-уметнички Центар во соработка со Младински Културен Центар и КСП „Центар Јадро“
Времетраење: 50 минути.

„Лиминално тело“, кој како идеја за нов истражувачки процес произлегува од интересот на короеграфката Балабанова да истражува и да споделуваат нови форми на изразување, првично истражувајќи низ јазикот на танцот, но во исто време оплодувајќи го овој пристап со современи идеи од други уметнички дисциплини, како музика и театар.

Ивана го користи концептот на лиминалност како почетна точка преку која таа се обидува да ја прикаже емотивната состојба на модерениот човек, човек кој живее на работ, во постојана  трансформација, кој бара внатрешна и надворешна транзиција за да преживее. Таа ја анализира „лиминалноста“ како „современа човечка состојба и постулат за денешниот постоењето. Лиминалното тело повеќе не може органски и физиолошки да ја поднесе хиперпродукцијата на светот и бара нов одговор. За да се спаси од болест, од уништување, не бара да биде вечно, туку да биде неугнетено. Ја бара својата слобода од културните ограничувања, од општественото условување, од капиталистичкото ропство. Притоа, овој концепт еродиран од личниот интерес, се протега и до неговите општествени репрезентации.

Перформансот е во рамки на проектот „Танц.Трансформатор – Реобмислување на локалната танцова заедница“, кој е поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија во Северна Македонија.

сала 25 Мај