Училиште за цртање, сликање и рекреација, работи по утврдена програма, која овозможува постапно и темелно запознавање со тајните на цртачките и сликарските техники во креативна атмосфера.
Работилниците ќе се одвиваат преку применување на игра, социјални концепции, дизајн, размислување, идеја, креативна емпатија, решавање проблеми, создавање дела, печатење дела, проектирање уметнички дела и нивно перципирање, инспирирање, обработки и анализа, дискутирање со цел да се запознаат со уметноста и дизајнот, нејзините карактеристики и техниките, нивната употреба и откривање на традиционалните и современите техники на сликање и процеси на работа преку забавни и иновативни содржини.
Детското ликовно ателје е наменето за деца од 5 до 12 години, во две групи, во следниве термини:
група од 9-12 години: Ликовни работилници ,,Иднината се однесува на креаторите:”
– вторник и четврток 17:30-19:00
– месечен надоместок со вклучени материјали за работа: 1800 денари
– цена за присуство на поединечна работилница: 300 денари
група од 5-8 години:
– сабота | 11:00-12:00 група: 5-6години
– сабота | 12:15-13:45 група: 7-8години
Пријавата е задолжителна на: dorotej.arts@gmail.com
Застапени се техниките: молив, туш, акварел, гваш, темпера, комбинирана техника, сув пастел, јаглен, современи пристапи.
Придобивките од посетата на ликовното ателје се многубројни:
Стекнување знаење за ликовната уметност и култура;
Дружење во безбедна и креативна средина;
Развивање естетски и теоретски вредности;
Учество во подготвување и организирање на ликовни изложби создадени од учесниците;
Посета на ликовни изложби.
Максимум учесници на една работилница е 15-20 деца.