Часови и работилници по ликовна уметност за деца на возраст од 5 до 10 години
Работилниците се аменети за деца што сакаат да цртаат/сликаат, истражуваат и да ја стимулираат креативноста. Просторот им овозможува на децата да се запознаат со основните уметнички материјали, додека ја негуваат креативноста, љубопитноста и личниот развојот во уметноста.
Ефекти на проектот:– Подобрена комуникација за уметноста, стекнат визуелен социјален развој, проширена перцепција за уметноста и технологијата, работење на концепти, вештини и ликовни техники.
– Целта е добивање пошироко поле на информации низ разни уметнички содржини, процеси и концепти, за создавање ликовна и уметничка практика со современите уметнички вредности.
– Стекнување едукација, креативност, знаење, искуства, соработка како и градење уметничка публика.
– Главната цел е да го промовира процесот на структурен дијалог како ефективна алатка.
– Учење на децата од најмала возраст за прифаќање, толеранција и почитување на различностите преку доближување на пристапите и стиловите на воспитување меѓу семејствата.
Kреативиот простор е опремен со сите материјали за работа на ателјето. Децата можат да учествуваат во разни уметнички работилници низ текот на целата година.
Часовите ги држи ликовениот уметник Доротеј Нешовски.