2. „Децата низ ликовната и применетата умаетност“
Почитувани родители,
Се радуваме дека повторно ќе ги започнуваме детските ликовните работилници од ателјето на Детски креативен центар како Летни ликовни работилници.
Ваквиот концепт и работилници за деца ќе се одвива во повеќе фази со намера да комуницира и создава уметност, едукација и да ја презентира ликовната уметност наменетa за деца на возраст од 4-11 години.
Бројката ќе биде ограничена на 10 деца, работилниците ќе се реализираат онлајн.
Термини:
– секоја сабота: мала група од (4-9години) од 12:00-13:00 часот
Пријава: nesovskidoro@gmail.com
Максимум 10 деца
Ментор: Доротеј Нешовски
Програма (секој четврток):
– 18 јуни | Изработка на пејзаж и архитектура – акварел, туш
– 25 јуни | Интерактивни разговори 3
– 2 јули | Интерактивни разговори 3
– 9 јули | Интерактивни разговори 3
– 16 јули | Сликање на уметнички дела од етаблирани автори од историја на уметноста
Програма (секоја сабота):
– Крафтс, магнети
– Фамилијарно сликање
– Изработка на Траумаатроп оптичка играчка
– Сликање со техники, акварел, лавиран туш, сув пастел, јаглен, акрил…
– Изработка на накит, алки и ланчиња
– Спреј-техника
– Флип бук
– Правење змејови
– Калап и лиење со гипс
– Правење маски од каширана хартија
– Стрип на тема
– Компир печат
– Оригами
– Типографија
– Инсталации
– Фотографија
– Колаж, весник, стикери
Интерактивни разговори 3 е серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи: социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3D моделатори, илустратори, индустриски дизајнери, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, книжевност, за реализација на дадените концепции, наменети за детска едукација во повеќе дисциплини и траеше во повеќе фази. На овој проект, намерата е да комуницира и создава разговори во креативниот процес.
- Работилница за изработка на оригами, ментори: Маргарита Симовска – ликовен уметник, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник;
- Работилница за архитектура 100 години Bauhaus школа,
ментори: Наташа Фчкова – архитект, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник; - Работилница за изработка на рачна книга, Private Print, ментори: Марија Христова, Илија Прокопиев издавачи на уметнички книги, Доротеј Нешовски – интердисиплинарен уметник;
- Работилница за субверзивно мапирање, ментори: Јасмина Рундевска Тодоровска – ликовен уметник, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник;
- Работилница за текстил „Мириса на дожд“ – илустрирање на кабаници, ментори: Неда Дамчевска – архитект, илустратор, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник;
- Работилница за типографија, ментори: Цветан Неделковски – типограф и Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник;
- Работилница по графика, ментори: Ана Семенпеева и Виктор Семенпеев – ликовни графичари, Доротеј Нешовски – интердисисплинарен уметник;
- Работилница за звук, ментори: Милена Крстевска Клара – музички продуцент, психолог, Доротеј Нешовски – интердисиплинарен уметник;
- Работилница за вештачка интелигенција роботика – Марија Сидоренко – индустриски дизајн, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник;
Родителите може слободно да се прикучат во процесот на креативно создавање и дружење.
Вредностa и важностa во детското ликовно истражување не е во знаењето да го нацрта наслика тоа што ние ќе го препознаеме, туку во тоа што самото дете го гледа, пронаоѓа и открива во светот што го опкружува.
Големото богатство се крие во разговорот за цртежот или сликата и ни ја отвора вратата на својот внатрешен свет, фантазијата, желбите, соновите и стравовите. Овој разговор е корисен и за детето, воспитувачите, за родителите и учителите.
„Децата низ ликовната и применетата уметност“ има намера да ги води низ историјата на уметноста, да ги едуцира за уметнички правци, нивните карактеристики, ликовно изразување, запознавања на уметници и нивните дела.
Работилниците ќе се одвиваат преку применување на игра, презентација, проектирање уметнички дела, нивно перципирање, инспирирање, создавање, репродуцирање дискутирање, со цел да се запознаат со уметноста и нејзините креативни процеси на работа, ликовни техники и медиуми на работа, уметници гости и работа на дадени креативни тематики и концепти.
Работилниците се бесплатни и се поддржани од Младински културен центар, Град Скопје и Министерство за култура Р.С. Македонија
FB event