LALALAR на CINEDAYS

Истанбулскиот бенд LALALAR се враќа во МКЦ Скопје!!!

По фантастичниот настап на ЗДРАВО МЛАДИ пред две години, оваа година LALALAR ги угостуваме на престојниот CINEDAYS на 10 јули 2022 година.

Дозволи да те понесе нивниот звучен бран составен од спојот на анадолски фанк, италијански вестерн и извртена електорника.

Бендот го сочинуваат Ali Güçlü Şimşek, Barlas Tan Özemek и Kaan Düzarat, едни од трите најактивни и најиновативни алтернативни турски музичари.

Во Скопје го промовираат нивниот албум првенец Bi Cinnete Bakar.
Албумот е возбудлива мешавина на панк-енергија, мрачна електроника и турска инструментација и психоделични семплови, а истиот може да го слушнете на бендовиот Bandcamp:

  • Нивниот настап е во рамки на програмата Liveurope.

парк МКЦ