КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ

50-минутен „само хитови“-сет на К.У.Р.

Некогашниот патронат на некогашниот ‘Дом на млади’, денешен МКЦ, го одбележуваме со пригодна програма и концерт во живо на единствените Културно Уметнички Работници.

Долго време не свиреле во МКЦ, а и се еден од ретките бендови што во изминатиов период немавме можност да го видиме ниту на онлајн-концерт. Ова нема да биде онлајн, туку концерт во живо, но истиот ќе биде снимен и подоцна емитуван, а можеби и издаден.


Групата „Културно Уметнички Работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе-барот „Браво“ помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки Процес“, „Жолтица на Бродот Баунти“ и „Рок Агресори“. Имено членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок-културата.


Дискографија:

  • Културно Уметнички Работници / CD / Маргина, 2002
  • Amore Bene Tutti Prego / CD / Рок Фест, 2008
  • Unplugged @ Kanal 103 / downoad / MMM / 2009
  • Ha Ha Jolly Jolly / CD / Time Machine Music / 2011
  • Мит Ми Комен / CD / самиздат / 2014
  • K.U.R.VI / CD / Балкан Велики / 2017
  • Компилација: Преку Таквото / Супер Дечки / CD / PAC Multimedia, 2001

  • Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

сала Фросина