„Куќа што танцува“

Промоција на поетска збИРКА од Даим Мифтари

Промотори: Линдита Ахмети и Сашо Огненовски

Даим Мифтари ни подарува книга со густа многузначност испишана во кратки стиховни „полемизирања“, а неговите стихови покрај многузначноста во себе содржат една децидност која воздбудува и ве наведува повторно и повторно да се дружите со нив веројатно заради отворените прашања со кои живееме во нашето секојдневие.
„Куќа што танцува“ е збирка која крие силна возбуда и инспирација.

Книгата е во издание на ЗРУМ „Перун Артис“ од Битола.

Даим Мифтари е еден од најталентираните поети во современата албанска поезија. За творечката дарба Даим е свесен и самиот, па затоа стихот му е стабилен и сигурен, тивок и лиричен, дури и кога внатрешниот немир му е вознемирен.
Светот, секојдневието во кое живее и времето што минува, ги претвора во сегашни поетски фикции. Природата и видот на инспирацијата му се максимално чувствителни. Доволно е најлесното движење, недофатливо од вообичаениот поглед да му поттикне немир, болка, односно радост или иронична насмевка. Тој е поет, нормално, би рекол Кадаре.
Али Алиу, академик

Даим Мифтари живее за поезијата и со поезијата. Кога зборуваш со него, имаш впечаток дека тој при секој одговор што треба да го даде на прашањата што му ги поставуваат луѓето, се „консултира“ со музата Еутерпа.
Линдита Ахмети, поетеса

Плато МКЦ