КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ

КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ е нов фестивал и културолошка заложба на дискографската куќа PMG JAZZ од Скопје. Наш основен интерес е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, crossover музика. Нешто, што ова наше тло раѓа во изобилство.
Ако погледнете на страната каде што ги промовираме / продаваме нашите изданија, PMG Jazz ќе забележите автентична, вибрантна, разновидна и неверојатно квалитетна македонска џез музика. Повеќето од тие автори ќе настапат на првото издание на фестивалот КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ.

Ова е нашиот завет за сегашноста и иднината на македонската реална култура. Со тоа се занимаваме. Приклучете ни се.

23 јули, четврток

– Filip Bukršliev
– Sethstat
– Zulu 3.4
– Kanton6Trio
влез: 18:30
почеток: 19:45
билети: 100 денари

24 јули, петок

– Svetlost + Odron Ritual Orchestra
– Cobalt Code Unit
– Yordan Kostov Quintet
влез: 18:30
почеток: 20:00
билети: 100 денари

Програмата ќе се одвива во паркот зад МКЦ Скопје, по сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, во актуелната ситуација. Задолжително носење маски, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание. Ве молиме да се држите до сите норми на однесување, да покажеме пример, како културните настани можат да се одвиваат безбедно и во овие услови. Благодариме.

*Бројот на посетители е ограничен на 200 седишта.

 

КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

FB event