Нова театарска претстава на Артопија
Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.
Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска-Костовска, Наташа Петровиќ
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Обработка на звук и видео: Душица Настова
Камера и фотографија: Марјан Петковски
Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска
Продуцент: Филип Николовски
Финансов координатор: Радослав Гогушевски
Организатори/техничка поддршка: Бојан Кирковски, Ненад Митевски
Продукција: Артопија
Благодарност до: Филип Петровски, Ненад Тонкин, KOSY
Користени текстови: „Враќање“- Блаже Конески; „Песна што треба да ја напишам“- Гане Тодоровски, „Проспект“- Вислава Шимборска
Користена музика: Jungle Dee Work – JBDBUS; Bohemian Rapsody – Queen, Ден по ден – Соња Тарчуловска; Lulaj lulaj – KOSY; Blind – Hercules and love affair, No me toques mal – La Muchacha I La Otra
- Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.