Кожурец

  • фестивалски стрим во живо

Артопија (МКД)

Режисер: Biljana Radinoska

Времетраење: 75’
Јазик: македонски

FB – Artopia

Играат: Dusica Nastova, Kristina Lelovac, Simona Spirovska-Kostovska, Natasa Petrovic

Текст и драматургија: Biljana Radinoska,  Verica Nedeska
Сценографија и дизајн на светло: Martin Manev
Обработка на звук и видео:
Dusica Nastova
Камера и фотографија:
Marjan Petkovski
Дизајн на плакат:
Voskresija Andreevska
Продуцент:
Filip Nikolovski
Финансов координатор:
Radoslav Gogusevski
Организатори и техничка поддршка:
Bojan Kirkovski, Nenad Mitevski
Продукција:
Artopia
Благодарност до/Special thanks to:
Filip Petrovski, Nenad Tonkin, KOSY


Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“ го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на децата. Претставата претставува своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Нов храбар обид за експериментирање на театарската група што повеќе од 4 години е симбол на слободен театарски израз, потрага по нов, со силна желба за искрено пренесување на сопствената емоција од другата страна на просцениумот.

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.
0,-
online

МКЦ, Скопје