СОВРЕМЕНО-УРБАНИ КОРЕОГРАФСКИ МИНИЈАТУРИ

Битрикс Културно-уметнички центар

Како продолжение на истоимениот фестивал „Современо-урбани кореографски минијатури“, кој ја остварува својата прва реализација во октомври, 2021 година, Битрикс Културен центар ја дополнува програмата во правец на светските трендови, прикажувајќи го развојот на еден нов танцов пристап – спојот на улични и современи танци. Благодарение на Регионалната платформа за развој КООПЕРАТИВА, Битрикс ја продлабочува својата соработка со колективот на „Урбана сцена“ од Словенија, со кои во ова издание, прикажуваат една ко-продукција и две дела од македонските и словенечките автори. 

„НеРаздвоиви“ / Александар Теш (Австрија/Словенија)

Во константната потрага по идентитет и заедница, индивидуализам и колективизам, независност и поддршка, луѓето создаваат разни ликови и карактери. Што поблизу доаѓаме до себеси, така повеќе се оддалечуваме од другите. Ние сме сите исти а, сепак различни, истовремено сме различни , а всушност исти. Дело со заедничка и индвидуална кореографија, со цел да ја истражи потребата за заедништво и посебен простор(независност). ,,diving into community, reaching for breaths of self”

Кореографија: Александар Теш
Танчари: Ивана Балабанова, Надја Лукановска, Елена Стојкоска, Теодора Ковачка, Ана Ковачка, Ива Георгиева и Михаела Дамчевска
Светло: Александар Теш и Ивана Балабанова
Костими: Милки Скопје
Продуцент: Ивана Балабанова
Продукција: Битрикс Културен центар
Копродукција: Младински културен центар


„Избор на телото“ / Теја Модријан (Словенија)

Претставата „Селекција на телото“ го отсликува креативното искуство кое нејзиниот креатор досега го стекнал преку испреплетување на различни перформативни процеси. Во ова дело, Теја ги надополнува мајсторскиот пристап на надворешната слика прикажана преку хип-хоп со внатрешната тензија и мускулни импулси кои се изразени во форма на современ танц. Во ова дело, танчарката и кореографка продолжува да го развива својот специфичен пристап на сценско присуство кој го развива за првпат во нејзиното наградено дело во 2019 – „Мудроста на телото“ , во кое таа го набљудува телото однадвор додека танцува, и преку овој пристап прикажува живи слики на импровизирани движења.

Кореографија: Теја Модријан
Драматургија: Само Олеами
Сценско движење: Јелена Олеами
Светло: Алјаж Залетел
Продуцент: Гашпер Куншек
Продукција: Урбана Сцена Љубљана – ШКД Сајфер
Копродукција: Танцов театар Љубљана


„Сирово“ / Ивана Балабанова (РС Македонија)

,,Сирово“ е перформанс кој што е создаден по истоимената поема напишана од самата кореографка Ивана. Поемата, а со тоа и перформансот, се обид за истражувањето на сопствениот идентитет, потребата за простор за израз, како и сировоста на секојдневниот живот, прифаќајки ги сите недостатоци и предизвици со кои се среќаваме во него. Кореографијата е своевиден исповед на кореографката Ивана, која го отсликува процесот на себеприфаќањето и несовршеностите кои се во суштина одраз на немаскираната слика за себеси.

Кореографија: Ивана Балабанова
Драматургија: Ивана Балабанова
Музика: Алесандро Ола
Светло: Ивана Балабанова / ДВД Плус
Костими: Павел Маслов
Продуцент: Ивана Балабанова
Продукција: Современо-урбани кореографски минијатури БИТРИКС


  • Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли

сала 25 Мај