Концертна промоција на првиот албум Црнило
ВЕЛ е музичка група од Битола, која вешто се поигрува со најразлични, современи музички правци, создавајќи притоа музика со модерен и софистициран звук. Групата е формирана во 2019 год. ЦРНИЛО е нивниот деби-албум. Снимен е во битолското студио ОМНИ и на него се наоѓаат десет авторски нумери, кои доволно говорат за јасните музички перцепции и смели текстуални идеи на ВЕЛ.