КОНЦЕРТ НА ДУЊА ИВАНОВА

Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со музиката на германскиот композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како: Landscape atmosphere, Life in a box и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.