„КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ“

ЕДУКАТИВНО-ТЕАТАРСКИ ПРОЕКТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД 10 ДО 12 ГОДИНИ

Детскиот креативен центар при МКЦ Скопје објавува отворен повик за учесници на возраст од 10 до 12 години во едукативно-театарскиот проект „Кога ќе пораснам“. Проектот ќе започне со реализација на 15.5.2021 година и ќе трае 5 месеци.

Предвидени се работилници за театар, едукативни предавања, креативно пишување, снимање/игра пред камера и изработка на едукативни видеа, кои ќе ги работиме на работилниците, а главни актери ќе бидат самите деца. Часовите и снимањата ќе се одвиваат секоја сабота од 13:00 до 14:30 часот, на отворено (паркот или платото на Младинскиот културен центар – Скопје). При реализација на истите, ќе се почитуваат сите протоколи и препорачани мерки за заштита.

Низ драмски вежби, забавни техники и креативни методи ќе се разработуваат следниве теми: „Екологија и заштита на животна средина“, „Мултикултура“, „Не за насилство“ и „Здрави навики“. Децата ќе имаат можност да фантазираат за подобар свет и да нудат решенија за тоа што би промениле тие кога ќе пораснат. Ваквиот начин на работа ја поттикнува љубопитноста и желбата кај најмладите за неформално учење, го поттикнува индивидуалниот развој на секое дете, но во исто време и чувството за припаѓање и однесување во група, социјализација, стекнување пријателства, препознавање на чувството за солидарност, емпатија, почитување и прифаќање на различностите и недискриминација.

Можете да се пријавите на линкот: https://forms.gle/NSEJ95qeRYPnRrxt9
Пријавувањето трае до 14.5.2021 година, а бројот на учесници е ограничен.
За дополнителни прашања, јавете се на 078 337 273 или 078 832 595.

ДКЦ