Драмското студио при Детскиот културен центар, од 18 септември продолжува со работа на проектот „Кога ќе пораснам“.
Предвидени се работилници за театар, едукативни предавања, креативно пишување, снимање/игра пред камера и изработка на едукативни видеа што ќе ги работиме на работилниците, а главни актери ќе бидат самите деца. Часовите и снимањата ќе се одвиваат секоја сабота од 13:00 до 14:30 часот, на отворено (паркот или платото на Младинскиот културен центар).
Низ драмски вежби, забавни техники и креативни методи ќе се разработуваат следниве теми: „Екологија и заштита на животна средина“, „Мултикултура“, „Не за насилство“ и „Здрави навики“. Децата ќе имаат можност да фантазираат за подобар свет и да нудат решенија за тоа што би промениле тие кога ќе пораснат. Ваквиот начин на работа ја поттикнува љубопитноста и желбата кај најмладите за неформално учење, го поттикнува индивидуалниот развој на секое дете, но во исто време и чувството за припаѓање и однесување во група, социјализација, стекнување пријателства, препознавање на чувството за солидарност, емпатија, почитување и прифаќање на различностите и недискриминација. Во оваа фаза, се завршени две од предвидените четири теми, а од овој месец продолжуваме со следните – „Здрави навики“ и „Не за насилство“.
- Сите работилници се организираат со строго почитување на актуелните ковид-протоколи за организирање настани