КОНЦЕРТ НА КЛИНАЦ ВО СКОПЈЕ!
По распродадениот прв клубски настап, со особена чест Ви го најавуваме првиот солистички концерт на Клинац во Скопје, овој пат во Младинскиот културен центар. Настанот ќе се одржи на 25 април (сабота) со почеток во 21:00 часот, а ќе претставува концертна промоција на неговиот нов албум – „Приоритети“. Во исто време, ќе бидат изведени и некои од неговите најголеми хитови како „Светла“, „Молитва“, „7 Дана“, „Немам Мира“ и други.
Клинац оваа година ја продолжи традицијата на издавање нов материјал на денот на својот роденден. По EP-то “Pre noći” од 2018 и деби албумот “U noći” една година подоцна, на 6 јануари оваа година тој го промовираше својот втор студиски албум насловен како „Приоритети“. На албумот има 8 песни, а за само еден месец, сите се најдоа на врвот Топ 100 листите во Србија и Хрватска.
Ѓорѓе Чаркиќ, ја започнува својата кариера со песната “Desetka na asa”, а врвот на својата популарност ја стекнува со третиот студиски албум – “U noći”. Неговото прво EP – “Pre noći” е објавено во 2018 година за Bassivity Digital, од кое излегува неговиот можеби најголем хит до сега – “Lud” во соработка со Nikola Kircanski – Kei. Минатата година заедно со неговата екипа, Клинац ја основа “Apollo Label”, а настапи и на Exit Festival, како и во голем број клубови низ Балканот. Во текот на својата кариера, тој соработувал со Vekac, Lil Scooby, Daka, Elon и други.
Локална поддршка на настанот: OG x 5R x Arre
Билетите за концертот ќе бидат во строго ограничен број, а ќе може да ги набавите од вторник (11.2.) на билетарницата на МКЦ, како и online на bileti.mkc.mk
Билети:првите 300 билети – 300 денари
следните 300 билети – 350 денари
претпродажба – 400 денари
на врата – 500 денари