Бесплатни филмски проекции во МКЦ парк
10 јули (петок) | 21:00
КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК /
КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК /
THE HOUSE THAT JACK BUILT
режија: Lars von Trier | 152′
САД во 1970-те. Го следиме високоинтелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.
11 јули (сабота) | 21:00
ВСУШНОСТ, НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ТУКА /
ВСУШНОСТ, НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ТУКА /
YOU WERE NEVER REALLY HERE
режија: Lynne Ramsay | 89′
Исчезната тинејџерка. Суров и измачен изнудувач на спасувачка мисија. Корумпирана моќ и одмазда, кои создаваат бура од насилство, којашто пак, најверојатно води до негово будење. Антихеројот Џо е осамен и неспокен маж, но тој наоѓа некаква сатисфакција во спасувањето на тинејџерки што биле киднапирани или принудени на малолетничка проституција.
- Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Ве молиме придржувајте се до истите;
- ! Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите;
- Бројот на места за седење е ограничен. Повеќе инфо за билети во текот на денот;
- Двете проекции почнуваат во 21 часот;
- Обезбеден е превод на македонски јазик.