Кино [на трева] во МКЦ

Бесплатни филмски проекции во МКЦ парк

17 јули (петок) | 21:00

 

ПОРТРЕТ НА ЖЕНАТА ВО ОГНОТ /
PORTRAIT OF A LADY ON FIRE

режија: Céline Sciamma | 122′

билети

Франција, 1770 година. Младата сликарка Мариен добива нарачка за свадбен портрет на Елоиз, која се мажи против својата волја. Мариен мора да го набљудува својот објект преку ден, за да може навечер да ја слика во тајност. Ден по ден, двете жени стануваат сѐ поблиски делејќи ги последните моменти на слобода пред свадбата на Елоиз.

18 јули (сабота) | 21:00

 

СИТЕ ЗНААТ /
EVERYBODY KNOWS

режија: Asghar Farhadi | 132′

билети

Приказната го следи Лоро, кој патува со семејството од Буенос Аирес до родниот град во Шпанија на венчавката на својата сестра. За време на големата семејна прослава нејзината ќерка е киднапирана. Во тешките денови што следуваат растат тензиите помеѓу членовите на семејството, а добро чуваните тајни излегуваат на виделина.

  • Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Ве молиме придржувајте се до истите;
  • ! Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите;
  • Бројот на места за седење е ограничен, влез само со билети;
  • Двете проекции почнуваат во 21 часот;
  • Обезбеден е превод на македонски јазик.
FB event

МКЦ парк