КИНО НА ТРЕВА

Филмска офанзива со кино на трева во организација на МКЦ – Скопје!
Го испраќаме летото со кино под отворено небо на повеќе локации низ Скопје, и тоа: населбите Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров.


* Проекциите се бесплатни, ќе се реализираат по принципот прв дојден – прв услужен.
* Настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки за организирање настани на отворен простор.
* Во случај на дожд, проекциите ќе бидат презакажани, ве молиме следете не за ги дознаете сите информации навреме!


Програма:

18 септември (сабота)
– 20:00

локација: плато (кај фонтана), населба Карпош 3

„Светот на Марни“ (Spy cat)
режија: Christoph Lauenstein
(синхронизиран на македонски јазик)



19 септември (недела)
– 20:00

локација: плоштад „Делфина“, населба Влае

„Тера Вили“ (Terra Willy)
режија: Eric Tosti
(синхронизиран на македонски јазик)



24 септември (петок)
– 20:00

локација: Дом на култура, населба Илинден

„Посебни“ (The Specials)
режија: Olivier Nakache



25 септември (сабота)
– 20:00

локација: Три Круши, населба Драчево

„Свиркачите“(The Whistlers)
режија: Corneliu Porumboiu



25 септември (сабота)
– 20:00

локација: Дом на култура „11 октомври“, населба Ченто

„Збогум морони” (Bye Bye Morons)
режија: Albert Dupontel



26 септември (недела)
– 20:00

локација: парк Ѓорче Петров

„Скитникот од плажата“ (The Beach Bum)
режија: Harmony Korine