Кино на отворено во Tопанско поле

20:00 | ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ

режија: Jean-François Laguionie, Xavier Picard

Патешествието на принцот е напната анимирана авантура поткрепена со богата визуелна слика на фантастични светови и со промислена приказна за тековните дилеми на современиот свет. Стравот од различноста, (не)еднаквоста на различните култури, зачувувањето на природата, односот кон добрината и улогата на човекот во светот се само дел од темите што ги опфаќа филмот. Француски анимиран филм за деца и возрасни.

По проекцијата следува детска работилница за филозофија (наменета за деца над 8 години) со Мартин Поповски, член на организацискиот одбор на Филозофскиот филмски фестивал, реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница” (платформа за едукација на деца и млади) и пионер во областа на филозофијата со деца во земјата.

Цел на работилницата е низ филозофска промисла инспирирана од филмската уметност, да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата.

По работилницата следува проекција на краткиот филм „Градина од камен“ во режија на Даријан Пејовски.

* Влезот е слободен

Топанско поле