КЕСКО

Долгочекуваниот втор албум на Кеско, продуцент на електронска музика од Скопје, Македонија, ќе биде издаден на 7 април со концертна
промоција во МКЦ Скопје. Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, breakbeat и drum and base музиката.
Голема инсипирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техно-музиката.

Настапот ке биде live и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери.
Подршка со свој ДЈ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom.
Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx, кој изведува посебни инсталации за настапот во живо. Младата умтеница Тања Кеско зазема дел од визеулното шоу со нејзините уметнички дела.

Вратите се отвораат во 22 часот, а настанот започнува во 23 часот.
Влезниците може да ги набавите во билетарницата на МКЦ или на нивиот веб сајт.

сала 25 Мај