Kanton6 & Jazzus

Во ова поглавје од епските доживувања, Кантон6 ќе Ви ја открие вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000-годишно постоење како македонска традиционална музика. Авантура што едноставно не смеете да си дозволите да ја пропуштите.
Jazzus Jazzus, Old Testament, Jazzus New Testament се трите поглавја што го сочинуваат новиот, трет по ред Кантон6 албум, кој излегува за PMGJAZZ и PMGRecordings.

Освен конечната вистина за Македонија и секако, вистината за џезот, ќе имате можност да слушате шармантна ЕЛЕКТРО-ЕТНО-ЏЕЗ сонична фрактура, која благо речено, ќе ве инспирира за танц, или можеби територијално проширување.
Дојдете на концерт, но побрзајте, билетите се во строго ограничен број.

Владан Дробицки (тромбон)
Синиша Евтимов (синтисајзери и звучна манипулација)
Мирко Попов (Машина, реторика)


  • Настанот ќе биде организиран со строго почитување на актуелните ковид-протоколи

сала 25 Мај