- сцена: МКЦ, сала 25 Мај
Театар ам Ленд , Грац (АУТ)
Режиjа: Franz von Strolchen
Времетраење: 80’
Јазик: германски со македонски превод
Улоги: Nina Ortner, Ivica Dimitrijevic
Концепт, режисер: Franz von Strolchen
Текст: Christian Winkler
Драматург: Gabor Thury
Сценограф: Markus Boxler
Музички соработник: Jane Trajkovski
Асистент на режија: Jakob Tschebull
Настап, музика: Ivica Dimitrijevic
Настап, техника, визуелизација: Nina Ortner
Продуцент: Franz von Strolchen
Копродукција: NewsOff-Styria Festival 2021 and Theater am Lend, Graz

Џејмс Кејблс повторно на турнеја! По речиси две години присилно отсуство од сцената, македонскиот артист подготвува настап за домашната публика во Скопје на која што ќе го презентира долгоочекуваниот нов албум.
Новиот перформанс на Франц Стролхен „Кабли“ започнува како спектакуларен концерт на Џејмс Кејблс, а завршува со филозофски рефлексии на кабли, адаптери и врски.
Mакедонскиот изведувач и музичар се среќава со австрискиот сценски техничар во многу неочекувани околности, односно во една ситуација каде што двајцата треба да се справат со кабли, секој на свој начин.
Централната тема на „Кабли“ ќе се истражува како метафора, во најконкретна, но и во најапстрактна смисла. Ќе се поставуваат прашања и ќе се формираат размислувања за тоа како се остваруваат врски, за заемното разбирање, за балканските стереотипи, но исто така и за корупцијата, за скинатите кабли и за решавањето на проблемите.
Претставата ја води публиката на надреалистичко и изненадувачко патување, во кое фокусот е ставен на непредвидливата човечка способност да поставува правила и потоа повторно да ги крши.