ЏЕЗТЕТИКА

Промоција на книга фотографии од Татјана Ранташа

На 5 март, сабота, со почеток во 13:00 часот (и ќе трае сè додека владее добро расположение), на платото пред МКЦ, ќе се одржи матине-промоцијата на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена – Џезтетика.
Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно ‘висење’ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика.

Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.
Затоа ве повикуваме заедно да поминеме едно убаво, лабаво, дружељубиво (се надеваме сончево) утро на платото пред МКЦ.

За сето тоа да помине во уште поубава и разиграна атмосфера ќе се погрижат ЗЏМ-Колективот и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото Jazz FM.

Филип Букршлиев

Трајче Велков

Марија Димитријевиќ

Иво Солдатовиќ – Сол

Виктор Филиповски

Плато МКЦ