25-тата слика – Неслушнатото, незбореното и невиденото
Изложбата, која беше дел од програмата на ЗДРАВО МЛАДИ 10, се пренесува во галеријата на Младински културен центар. Со посебна селекција за галеријата, ќе можете да ја посетите изложбата во галерискиот простор на МКЦ, до 18.09.2020.
„Забранетата 25-та слика во кинематографијата е познат експеримент на James Vicary. Со неговиот „експеримент“ тој успеал, потсвесно, да вметне емоции кај филмските гледачи, а 25-тата слика најчесто била реклама за прехранбената индустрија. Овој експеримент подоцна бил забранет поради големиот потенцијал за манипулација на гледачите, и освен како хорор тема на филмовите, 25-тата слика не била повеќе користена… Или барем ние така веруваме.
Денес, години подоцна од познатиот експеримент, секојдневно наидуваме на различни ситуации, кои ги толерираме/игнорираме, па оваа појава станува „новата нормала“ на современето општество.
Дете што плаче е смирено од страна на родителот со помош на мобилниот уред – ТОЛЕРИРАНО!
Апатијата за политика кај младите – ТОЛЕРИРАНА!
Беспотребната форсирана возбуда за капиталистички цели aka. HYPE – ТОЛЕРИРАНО!
Тоа се нашите „25-та слика“ во реалниот живот со чија помош цивилизацијата се води во нов/стар, точен/погрешен правец, а еволуцијата продолжува.
Со серија цртежи, слики, графики и неколку инсталации, забранетата порака на уметникот, како и забранетиот екпсеримент на James V., ќе биде изложена пред јавноста со цел да ја потенцира интолеранцијата.
FB event