Добитници на европската награда за литература во 2020
Директната средба со големите автори е најдобриот и најпродуктивниот начин за заокружување на проектот чиј слоган гласи „Читањето нè сплотува“. Гостувањето на овие двајца автори е значаен чекор за доближување на европската книжевна сцена и влог во квалитетот на книгите што се читаат кај нас, како дел од проектите поддржани од Креативна Европа, на кои Издавчки центар ТРИ им се посветува со години.
Шпанската писателка Ирене Сола и германскиот писател Матијас Наврат се добитници на Европската награда за литература во 2020 година, а нивен промотор ќе биде уште еден автор што оваа година е кандидат на Македонија за истата награда, Владимир Јанковски. За да се запознаеме подобро со идејата, проектот ќе го претстават од Издавачки центар ТРИ, а Наташа Сарџоска, преведувачката на Ирене Сола, ќе ги претстави книгите.
„Пеам јас и планината танцува“ и „Тажниот гостин“ се насловите на двете книги што излегоа од печат минатата година, различни по духот и културата, но еднакво инспиративни, обединети во идејата на творењето – да се остави печат во европската литература, да се покрене инспирацијата на идните писатели, да се охрабрат искусните, да се запознаеме едни со други, зашто сите сме гости на истата планета и сите сме воодушевени од истата книжевност.
- Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи