Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, музиколози, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, издавачи, дизајнери за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.
Втората фаза содржи:
Работилница „100 години Bauhaus школа“
ментори: Наташа Вчкова – архитект, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
Работилница по звук
ментори: Милена Крстевска, музички продуцент, психолог, Доротеј Нешовски- интердисиплинарен уметник
Работилница за вештачка интелигенција роботика
ментори: Марија Сидоренко – индустриски дизајн, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
Работилница за текстил „Мириса на дожд“
ментори: Неда Дамчевска – архитект, илустратор; Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
Работилница за типографија
ментори: Цветан Неделковски – типограф и Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
Презентацијата на проектот е во ноември.
Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија