IN FLAMES

Таксират Ви претставува:
Соло концерт на IN FLAMES во Скопје!

На 15 мај, на гости ни доаѓаат едни од предводниците на Gothenburg melodic death metal-от – IN FLAMES.

По нивното основање во 1990, In Flames стануваат еден од највлијателните и најпознати шведски метал бендови, кои заедно со At the Gates и Dark Tranquility се заслужни за развој на еден сосема нов жанр. Во раните 2000-ти запливуваат во алтернативните води на металот со што драстично се зголемува продажбата на нивните албуми, а до 2008 имаат продадено повеќе од два милиони копии. Добитници се на четири “Grammis” награди – шведскиот еквивалент на Grammy наградите и на “Best International band” на Metal Hammer Golden Gods Awards. Во текот на својата кариера настапувале со Metallica, Slayer, Children of Bodom, Refused, Judas Priest, Opeth, At the Gates, Kreator..

Со триесетгодишна кариера, свежо излезен тринаесетти албум “I, the Mask” и еден куп турнеи низ светот, In Flames доаѓаат и во Скопје, спремни да го распалат МКЦ! Се гледаме на 15 мај во 20:30 часот.

Првите 300 билети по цена од 800 денари се веќе во online продажба, а може да се набават и низ дистрибутивната мрежа на MkTickets.

FB event > IN FLAMES webIN FLAMES fbIN FLAMES IG