ИГРААТ:
Сергеј Димовски
Мартин Манев
Григор Јовановски
Дамјан Цветановски
Тони Денковски
Наталија Теодосиева
Ангела Стојановска
ВОДИТЕЛИ:
Андреј Цветановски, Борјан Стојков
ИМПРОВИЗАЦИЈА?
Импровизацијата е создавање нешто спонтано или создавање од нешто што е достапно во околината.
Природната способност за импровизација може да се употреби во разни дисциплини, низ сите уметнички, научни, организациони, формално и неформално образовни форми.
„Целиот живот ми е една голема импровизација.“ – Клинт Иствуд.

ИМПРОВ ТЕАТАР?
Во изведувачките уметности, импровизацијата се користи како алатка за време на креативниот процес. Во театарот, постојат вежби и ‘игри’ кои ја освестуваат и развиваат креативноста, довербата во партнерот, способноста на изведувачот да се адаптира на секој нов проблем и секогаш да дејствува од активна но релаксирана позиција. Овие вежби и игри се основата на која е изграден еден Импров Настап.

ИМПРОВ ГРУПА НАСТАП?!
Заснован на овие игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, Импров Настап е комична, непосредна, но комплексно структуирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.