Имагинарен, ти

  • сцена: МКЦ, сала Фросина

Енез Деари (МКД)

Режија: Blerim Darlishta

Времетраење: 36’
Јазик: албански, македонски, српски

Улоги: Blerim Darlishta, Ilir Reci

Продуцент: Enes Deari
Сценографија: Enes Deari
Визуелни ефекти, музика: Xhemaili Xhemaili


Дардани е поранешен војник на Jугословенската армија, кој во текот на 90-тите се приклучил на Хрватската армија, а потоа и на Ослободителната војска на Косово. Дардани ги објавува своите сеќавања од војната, сеќавањата од опасните времиња, смртоносни, но понекогаш и комични.
И после војните во потрага по вистината почнува да ги гори сите објавени сеќавања, но не успева дури ни по неговата смрт да ги избрише од потсвеста. Во тоа му помага неговиот брат, кој се труди сеќавањата да не бидат објавени заради неговата политичка кариера. Нему му останува само дневникот на брат му, како и надежта тој да не стигне во погрешни раце.

Експериментален перформанс на една мала екипа, која се обидува да раскаже една специфична приказна на оригинален начин. Оригинален и емотивно, и визуелно.

сала Фросина