Илузии

  • дигитална изведба

Вондерленд Театар (МКД)

Режисер: Nela Vitoshevic

Времетраење: 55’
Јазик: македонски со англиски превод

FB – Wonderland Theatre

Играат: Ivana Pavlakovic, Dragana Loshkova, Nikola Nastoski , Ismet Shabanovic

Монтажа: Vasil Hristov
Композитор:
Ognen Anastasovski


„Илузии“ е експериментална, виртуелна претстава, која е приказ и обележје на пандемиското време. Претставата недвосмислено ја покажува желбата и крикот на уметникот да создава во состојба на криза и да му пркоси на времето, кое е неповолно за уметноста.

Користејќи се со театарски пристап, но во виртуелниот свет, екипата направи претстава што ги отвора темите на љубов, неверство, отуѓеност на луѓето, како и празнотијата и минливоста на животот. Теми што во вакви новонастанати околности се актуализираат кај секој човек. Приказната ни ја раскажуваат четворица актери, кои играат определена улога, но истовремено се и наратори на дејството. Почетна точка во процесот беа дебати околу тоа што би се случувало доколку пандемијата потрае подолго време?! Каков би бил светот?! Како би функционирале ние во новонастанатите околности?! Што би се случувао со уметноста, а што со театарот?!Како резултат на ова истражување произлезе претстава направена во дигиталниот простор.

Првата дигитална претстава кај нас. Првата претстава за време на карантинот, првата што беше создадена во „новото нормално“. Првата што се обиде да го искористи виртуелниот простор како театарска сцена. Беше на филмски фестивал, како и на виртуелната платформа за култура – basita.live.

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.

Дигитална изведба