ИГРАМЕ ВО СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА

„Играме во стимулативна средина“ е планирано време за една опуштена, забавна и едукативна игра. Во Детскиот креативен центар МКЦ ќе се искреира една интересна стимулативна средина, каде што деца на возраст од 4 до 7 години, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело (груба моторика). Активностите ќе бидат насочени на раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот индивидуален развоен ритам.

Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности, кои влијаат на специфичната моторика и графомоториката се преминува на учење симболи, апстрактни поими и нивна визуелизација, што всушност значи практикување на асоцијативното учење.

Со поставување на детето во проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционално знаење и способноста за решавање проблеми, за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство и препознавање на нашите чувства.
За ова време детето ќе се чувствува:
• Забавно
• Исполнето
• Дружељубиво
• Поврзано со останатите
• Прифатено
• Фукционално и со самодоверба

Вредноста на овие работилници е значајна за развојот на децата и за поттикнување на нивните капацитети.

Пријавувањето е задолжително, а бројот е ограничен на 15 деца. Учеството е бесплатно.


Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Ирена Жунгулова, психолози, кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја обавуваат секојдневно.
Овие работилници се интеграција на искуства од пракса на НТЦ принципите и монтесори педагогијата.

Термини: 1, 3, 8, 10, 14 јуни | 18:00

МКЦ парк