Играме во стимулативна средина 4

Онлајн забава за најмалите

Ментор: Александра Гилевска и Ирена Жунгулова
Учесници: 20 Дечиња
Возраст: 4-7 години
Датуми: 5.10.2020, 12.10.2020, 19.10.2020, 26.10.2020 | 2.11.2020, 9.11.2020, 16.11.2020

Започнуваме со есенскиот циклус на работилници за деца од 4 до 7 години.

Нашето искуство со првиот циклус беше позитивно и успешно ги завршивме сите онлајн работилници за деца од претшколска возраст и ве покануваме заеднички да продолжиме со есенскиот циклус на овие работилници.
Почнуваме од 5 октомври. Понеделнички!

Ќе продолжиме да играме и одржуваме одлично расположение. Во овие работилници децата покажаа голема фокусираност и насоченост во активностите и активно учествуваа во сите игри.

Активностите ќе бидат насочени на раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам.

Ќе направиме комбинација од игра, забава, вежби за фината моторика, ќе го поттикнуваме асоцијативното учење и најмногу од сѐ ќе се обидеме да предизвикаме задоволство кај децата, кое понатаму ќе продолжи во креативна самостојна игра.

Со овие работилници на рoдителите им се дава идеја како и тие да продолжат понатаму да го креираат времето со своето дете и тоа на начин „помалку време поголем поттик“.

Да го искористиме нивниот омилен медиум, мобилниот телефон, и да направиме едно интерактивно време на интернет.
Да придонесеме, заеднички, барем дел од тоа време да биде интерактивно, детето да учествува и дејствува, наместо да биде пасивен примач на пласираното на интернет.

Учеството е бесплатно!

Пријавувањето е на следниот линк и е задолжително: http://bit.ly/rabotilnici_za_deca

На мејл ќе добиете линк за да можете да се приклучите на работилницата.

Дружењето ќе биде наменето за деца од 4 до 7 години, и за секој што мисли дека ова ќе биде добро поминато време.

МКЦ