Драги родители и деца,
Ајде да се дружиме со нашите стимулативни работилници, игри и предизвици во дворот на Детскиот креативен центар во МКЦ.
„Играме во стимулативна средина“ е планирано време за една опуштена, забавна и едукативна игра.
Во Детскиот креативен центар МКЦ ќе се искреира една интересна стимулативна средина, каде што децата од 3 до 5-годишна возраст, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело (груба моторика).
Активностите ќе бидат насочени на раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот индивидуален развоен ритам.
Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој.
Етапно, од динамички активности што влијаат на специфичната моторика и графомоториката се преминува на учење симболи, апстрактни поими и нивна визуелизација, што всушност значи практикување на асоцијативното учење.
Со поставување на детето во проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционално знаење и способноста за решавање проблеми, за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство и препознавање на нашите чувства.
За ова време детето ќе се чувствува:
• Забавно
• Исполнето
• Дружељубиво
• Поврзано со останатите
• Прифатено
• Фукционално и со самодоверба
Пријавувањето е задолжително на следниот линк:
Термини:
– 6-ти, 20-ти и 27-ми септември
– 1-ви, 8-ми и 16 октомври
– 6-ти, 20-ти и 27-ми септември
– 1-ви, 8-ми и 16 октомври
Вредноста на овие работилници е значајна за развојот на децата и за поттикнување на нивните капацитети.
Пријавувањето е задолжително, а бројот е ограничен на 15 деца.
Работилниците се поддржани од МКЦ и Град Скопје, а учеството е бесплатно.
Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Ирена Жунгулова, психолози кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја обавуваат секојдневно.
Овие работилници се интеграција на искуства од пракса на НТЦ принципите и монтесори педагогијата.
- Сите работилници се организираат со строго почитување на актуелните ковид-протоколи за организирање настани