ИГРАМЕ ВО СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА

Детскиот креативен центар при МКЦ организира работилници за деца од 4 до 7 години. „Стимулативна игра“ се работилници за деца на кои ќе се креира стимулативна игра и средина во која децата преку своето искуство и директно учество ќе ги потврдуваат и зголемуваат своите вродени интелектуални и креативни капацитети. Игрите ќе бидат динамични и забавни и ќе ја поттикнуваат љубопитноста кај децата. Работилниците ќе ги водат Александра Гилевска и Ирена Жунгулова, психолози, кои својата пракса и искуство го насочија во работењето со деца. Место – Детскиот креативен центар во МКЦ Скопје Почнуваме од 21 март, од 18 до 19 часот.

Добредојдовте на место каде што децата играат во стимулативна средина! На работилниците ќе се креира една интересна стимулативна средина, каде што децата од 4 до 7-годишна возраст преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело. Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности што влијаат на специфичната моторика и графомоториката, се преминува на учење симболи, апстрактни поими и нивна визуелизација, што всушност значи практикување на асоцијативното учење. Со поставување на детето во проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционалното знаење и способноста за решавање проблеми, за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство, исполнетост и самодоверба.

  • Возраст– 4 до 7-годишна возраст
  • Цена – 1000 денари за 4 работилници или 300 денари од една работилница
* 22 и 29 март од 18:00
* 5, 12, 26 април од 18:00
* 10, 17, 31 мај од 18:00

ДКЦ