Играме во стимулативна средина 2 – онлајн

Почитувани родители,

Се надеваме дека ве наоѓаме во добро здравје и расположение. Сведоци сме дека овој период децата, малку повеќе време поминуваат со омилените таблети или телефони. Родителите попуштија во своите граници или пак барем беа во дилема дали да им се дозволи повеќе од вообичаено, детето да биде со омилената играчка – телефон.
Ајде да направиме, заедно, барем дел од тоа време да биде интерактивно, детето да учествува и дејствува наместо да биде пасивен примач на пласираното на интернет.
Предноста е во тоа што за оваа активност, за инструмент го имаме омилениот таблет со што очекуваме целосно да ја прифатат. Активностите ќе бидат насочени на раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам.

Ќе направиме комбинација од игра, забава, вежби за фината моторика и ќе го поттикнуваме асоцијативното учење и најмногу од се ќе се обидеме да предизвикаме задоволство кај децата, кое понатаму ќе продолжи во креативна самостојна игра.
Учеството е бесплатно. Пријавувањето е на следниот линк и е задолжително:

Пријавете се

 

На мејл ќе добиете линк за да може да се приклучите на работилницата.
Дружењето ќе биде наменето за деца од 4 до 7 години, и секој што мисли дека ова ќе биде добро поминато време.
Поддршка за рализација на проектот имаме од Детскиот креативен центар и од Град Скопје.
Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Ирена Жунгулова, психолози што љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја извршуваат секојдневно.

П.С. Она што е добро, и во живо и онлајн, може да ја предизвика насмевката.

FB event