ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА

Претстава со пренос во живо

Започнавме со идеја за театарска претстава, изведена на начин кој е веќе познат, со физичко присуство. Но, овој процес нè научи дека и со прецизно планирање, нештата можат да се сменат во секунда. Овој пат актерите се на сцена во Денсинг салата на МКЦ, а вие од својот дом го следите преносот во живо на платформата Basita.live: https://basita.live/event/108-the-future-is-private.

Неочекуваните промени можат да донесат и убави работи и затоа сме им благодарни на нашите соработници и финансиската поддршка која ја добивме од Delegation of the European Union, Skopje, како и на нашите спонзори BERIN Intellectual Property Agency, Modno Studio LE-TE by Katerina Tosheva и секако сите оние кои донираа на кампањата за прибирање средства за отпочнување на продукцијата на претставата „Иднината е приватна“.

Играат: Ангела Стојановска, Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Дарко Ристовски, Нина Елзесер и Христијан Поп-Симонов како гласот на Адам
Текст и режија: Милош Б. Андоновски
Продуцент: Петар Антевски
Костимограф: Ирина Тошева
Асистент костимограф: Катерина Блажевска Тошева, Модно студио Ле-Те
Сценограф: Наташа Вчкова
Изведувач на сценографија: Велко Бебековски
Музика и анимации: ИСКРА
Виктор Андоновски | Михаил Наумов | Владимир Петковиќ | Бобан Крстев
Снимање и монтажа на звук: Христијан Поп-Симонов
Стрим: Пирка
Борис Ралев – камера | Петар Даутовски – асистент на камера | Петар Мукоски – стрим техничар | Дамјан Миновски – продуцент
Шминка: Виктор Мирчевски
Позајмени гласови: Јасмина Василева, Симона Димковска, Слаѓана Вујошевиќ, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов, Илија Волчески, Никола Наковски, Емине Халил, Драгана Гунин, Наташа Вчкова, Петар Антевски, Милош Б. Андоновски, Марија Лукаревска.
Фотограф: Ерина Богоева
Дизајн на постер: Бојан Матејин

*Цената на билетот за да го следите видео преносот е 360 денари, а повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://basita.live/event/108-the-future-is-private

МКЦ