- сцена: МНТ
Битеф Театар (СРБ)
Режија: Nikola Zavisic
Времетраење: 70’
Јазик: српски, аудио, без македонски превод
Видео и ВР: Filip Mikic
Композитор: Anja Djorgjevic
Продукција на звук: Mina Strugar
Асистент на режија и на видеопрукција: Jelena Piljic
Асистент на видеопродукција: Sanjin Corovic
Дигитален срјуард: Ljubomir Radivojevic
Превод на текстот на англиски: Marija Stojanovic
Организатор: Katarina Vojnovic
Тон: Miroljub Vladic, Jugoslav Hadzic
Фотограф: Andrija Kovac
Гласови: Mina Strugar, Anja Djordjevic, Jelena Piljic, Katarina Vojnovic, Maja Pelevic
Гласови на англиски: Mina Strugar, Anja Djordjevic, Tanja Strugar

Интерактивен водич низ виртуелната реалност на (не)возможните светови
Претставата „Како крајот и да не е сосема блиску“ е инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, обидот за измислување некои нови облици на соживот и заедништвото на човекот и машината во најинтензивните времиња што досега сме ги искусиле. Публиката, составена од пет луѓе, ќе може да доживее виртуелно патување низ можните нови светови околу и во нас самите. Низ интерактивна игра на моменталното заедништво, кое се воспоставува во микроструктурата на театарскиот чин, на публиката ѝ се дава можност истовремено да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Користејќи ја виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, односно гласот што повикува на учество, овој чин станува повик на барем и мала, незабележлива лична револуција.
Екпериментална претстава на Битеф театар, без актери. Аудиовизуелен мозаик што ѝ буди емоции на публиката-учесник, која ја води во една преодна состојба, простор ‘помеѓу’, кој завршува со катарза.