HELLVETICA & INNER HATE

Terrorvoid Promotions ви преставува:

Thrash with Attitude!!
Или New wave of old school thrash metal е жанрот во кој настапуваат Hellvetica од Лензбург, Швајцарија!Бенд со одлични експлозивни свирки и мрсен звук, кој воопшто не е наивен кога станува збор за сериозноста на нивната музика.
Формирани се 2008 и до денес не запираат со изданија и настапи низ цела Европа.
Against the odds и BFJ се последните нивни изданија со кои успеваат да привлечат големо внимание на метал јавноста.

INNER HATE од Кичево го „превртеа“ МКЦ на Лузер фест и се бенд што треба почесто да се на сцена и да газат бескомпромисно како што знаат.

Билети за концертот по цена од 200 денари, во претпродажба и 300 денари на врата! Може да си набавите од петок 14.2.2020 на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk
Се гледаме во бифето на МКЦ на 4 мај на торнадо од дисторзии.

Hellvetica official site

Inner Hate FB page

200,- / 300,-

кафе МКЦ