Hello World

Промоција на деби албумот на Stoned Hedge

Македонскиот инди-рок бенд Stoned Hedge го промовира својот прв албум на платото пред МКЦ. Албумот насловен како „Hello World“ е продуциран во Студио 1060 на Дени Крстев, а како издавач се запишува Password Production.

Настанот е планиран во формат на слушачка промоција со многу дружење и слушање на албумот во лабава атмосфера.

Доколку ви се допаѓа нивната музика, ќе имате можност да го поддржите бендот преку купување на merch-от, кој што ќе биде изложен на настанот.

Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани успеаја за само 4 месеци (и тоа во сред корона епидемија) да го создадат својот деби албум и тоа во манир на веќе искусен бенд, небаре ова е нивната трета хит плоча.

Дојдете, поддржете македонска авторска музика и уживајте во убавата енергија на овој нов бенд.


„Она што овие млади луѓе го направија во тој краток период е навистина за восхит, а тоа се големи и неверојатно мелодични песни, кои лесно ќе ве заведат со својата питкост и искреност и ќе ве однесат во светот и борбата на убавите, чесните и младите. Станува збор за една борба со силен и невидлив противник, но Stoned Hedge во стил на искусни борци со неверојатна леснотија на сите ни покажаа дека со талент и чисто срце може да звучиш и изгледаш светски.
Да, драги слушатели и гледачи… Тука станува збор за светска класа на трагот на Guano Apes и Portishead. Во нивните песни можете да најдете многу убави и неочекувани нешта како: прекрасни и меланхолични вокали, волшебни и ненаметливи гитари, сонливи и сугестивни бас-делници, разбивачки и нежни тапани… И искрени зборови!!!“
Васко Атанасовски – Bernays Propaganda

Плато МКЦ