ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА БИТРИКС
Како најдобро за завршиме една ваква прекрасна и разновидна сезона?
Секако! Со годишен концерт каде сите наши членови ќе истапат на сцената и ќе ви покажат што се сработивме и постигнавме во оваа сезона.
Грув, енергија, пасија се само некои од работите кои ќе ги видите на сцената во МКЦ. Заедно со сите точки, спремивме и неколку изненадувања за вас, нашата публика, нашите поддржувачи.
Дојди и грувај со нас на 14 јуни во 20:00 часот, во МКЦ-Кино Фросина!
Битрикс се повеќекратни шампиони на локални, регионални, интернационални и светски натпревари. Тие се креатори на платформите „Битрикс Танцова Лига“, „Битрикс Спешлс“, „ВАДА-Виртуелна Американска Танцова Академија“ со Амбасадата на САД, „Познат рефрен“ со Europe House Skopje, и сл. Креатори се на многу танцови претстави во мешани жанрови, меѓу кои и најуспешната „Тишина“ премиерно изведена во Националната опера и балет во 2018 година. Со истата претстава, а поддржани од УНИЦЕФ, патуваат низ 15 градови низ С.Македонија.
На концертот ќе се претстават танчарите-членови на Битрикс во изведба на танцови кореографии по хип-хоп, современ танц и денсхол, а во кореографија на: Елена Стојкоска, Надја Лукановска, Ива Георгиева, Михаела Дамчевска, Ана Ковачка, Теодора Ковачка, Мила Стојановска, Јана Лукровска, Никола Игновски и Јована Зајкова.