„Големата прегратка“ – Павлина Атанасова

Промоција на првата стихозбирка на Павлина Атанасова

 

Промотор: Снежана Стојчевска
Модератор: Јулијана Величковска

„В раце ја држиме дебитанската книга „Големата прегратка“ од Павлина Атанасова и веднаш да кажеме дека имаме книга песни со силни чувства и непосреден поетски израз што импонира. Возбудливо, страсно и вдахновено пеење за љубовта и други емоции кои се доживуваат како глас на секојдневното и пеејќи за стварноста се открива внатрешната драма на модерниот човек. Книгата претставува своевидна поетска хроника на растреперена поетска душа која се стреми да влезе во актуелните кругови на најновата македонска литература.
Еве една минијатура што го потврдува нејзиниот прецизен поетски глас:

ПЕСНАТА НА МОРЕТО  на Глен Гулд
За да ја чуеш
песната на морето
најди го звукот
на реките понорници“.

Славе Ѓорѓо Димоски

Павлина Атанасова е родена во 1993 година во Штип. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Пишува поезија и кратки раскази. Застапена е во изборот поезија „Метрички карван“ за 2019 г., издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија. Нејзини песни и раскази се објавени и во неколку периодични списанија. „Големата прегратка“ е нејзина прва стихозбирка, издание на ПНВ публикации.

FB event

Плато МКЦ